Младата репрезентација на Македонија до 15 години го освои 6.место на силниот меѓународен турнир во Италија, на кој учествуваа вкупно 12 репрезентации.
Македонија на овој турнир одигра четири натпревари на кои оствари победа против Романија, одигра со нерешен резултат против Мексико и загуби од селекциите на Италија и Португалија.
Националниот дрес на овој турнир го носеа двајца играчи од нашата школа, се работи за Христијан Јевтоски и Душан Бојовиќ.