Пријатно изненадување за екипата на ФК Вардар им приредија нивните поранешни играчи, се работи за Ховханес Хамбарџумјан и Артак Дашјан, кои го посетија клубот во хотелот каде се сместени.
-Во Вардар стекнавме многу пријатели и убаво е кога повторно ќе се видиме. Ждрепката сакаше да дојдат кај нас во Ереван. На нашите поранешни соиграчи им посакавме среќа во утрешниот натпревар со Пјуник. Утре секако дека ќе бидеме на трибините, рекоа двајцата поранешни вардарци.
Хамбарџумјан четири сезони го носеше дресот на црвено-црните, за кои одигра преку 100 натпревари, додека Дашјан беше дел од клубот две сезони. Дашјан моментално настапува за екипата на Алашкерт.