Две вардарови генерации денес беа гости на екипата на Арис од Грција. Пријателски натпревари со овој противник одиграа генерациите 2007 и 2008 на фудбалскиот клуб Вардар.
На двата натпревари, избраниците на Влатко Колев го надиграа домашниот тим на Арис, а интересно победите беа остварени со идентичен резултат од 2:6. Одлична игра и акции и уште поубави голови за вардаровите надежи, за кои ова е секако едно позитивно искуство.