Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. 2007 и 2008 се пласираа во 1/2 финалето на „Кул Куп“, генер. 2009 и 2010 ги завршија настапите во 1/4 финалето
ФК Вардар генер. 2007 и 2008 се пласираа во 1/2 финалето на „Кул Куп“, генер. 2009 и 2010 ги завршија настапите во 1/4 финалето

ФК Вардар генер. 2007 и 2008 се пласираа во 1/2 финалето на „Кул Куп“, генер. 2009 и 2010 ги завршија настапите во 1/4 финалето

Денес е последниот натпреварувачки ден на турнирот „Кул Куп“, на кој две генерации на ФК Вардар ќе играат во поуфиналето на овој силен меѓународен турнир, кој се игра на стадионот на Цементарница.

Во 1/4 финалето генерацијата 2007 на ФК Вардар предводена од „Чунга Лунга“ за противник ја имаше екипата на Јанг Тим од Струга, дуел на кој триумфиравме со резултат 2:1. Првата голема прилика за отварање на резултатот ја имаше Младеновски кој ја погоди стативата од противничкиот гол. Екипата од Струга пружи силен отпор, имаше и некоку удари кон нашиот гол, кои успешно ги скроти Лука Јаневски. Вардар успеа да го отвори резултатот, откако погоди Младеновски, посе нафрлена топка од корнер на Грашески, за предност на Вардар од 1:0. Се закани како што напоменавме и Јанг Тим, но Лука не дозволи до тој момент гол во неговата мрежа. Грашески имаше прилика, кога со глава биеше само над голот. Со голот на капитенот Грашески успеваме да го зголемиме резултатот на 2:0, додека во последните пет минути од мечот, противникот постигна гол, но само за намалување на 2:1, што беше и конечен резултат на овој меч од четврт-финалето на турнирот.

4 5 6

Супериорен натпревар одигра генерацијата 2008 на ФК Вардар, која во полуфиналето ја прегази екипата на Шкендија од Тетово (3:0). Одличен меч за нашите млади надежи кои во сите сегменти на фудбалската игра го надиграа противникот. Првиот директен удар го имаше Стефан Марковски, но одбрани голманот на Шкендија. Се закани и Киш, кога биеше, но повтгорно голманот брани, додека Ненад Дамјаноски немаше среќа кога ја погоди стативата од голот. Прашање на време беше кога ќе го отвориме резултатот, пред да постигнеме гол, обиди имаа Киш кој шутира крај голот, како и Дамјаноски, чиј удар го брани голманот. Избраниците на Петар Ѓорѓиески успеваат да го отворат резултатот и да поведат со 1:0, со голот на Матеј Киш. Одличен гол на нашиот играч, кој беше уште подобра проигран, за предност на Вардар. Од прекин обид имаше и Дамјаноски, кој за малку шутира над голот. Се обиде и Азизи, но без реализација. Нашите момци го скршија целосно противникот, кога им дадоа уште два гола во нивната мрежа. Најпрво капитенот Дамјаноски зголеми на 2:0, за конечните 3:0 на оовј меч да ги постави Иван Ташовски, за конечни 3:0 на овој меч. Голманот Грчевски немаше многу работа, иако имаше неколку интервенции, кои за него се леснотија.

1 2 3

Генерациите 2009 и 2010 на Вардар за жал ги завршија настапите на турнирот, во четврт-финалето. Генерацијата 2009 беше поразена од екипата на Постолов Пандев (3:0), додека генерација 2010 претрпе пораз од Форца (4:2). Головите за Вардар, на мечот кај генерација 2010 ги постигна Далибор Марковиќ.

Денес не очекуваат полуфиналните и евентуалните финални мечеви на турнирот.