Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Генерациите 2005 и 2006 на ФК Вардар во сабота ги очекува натпревари од 6.коло во регионалната-скопска лига
Генерациите 2005 и 2006 на ФК Вардар во сабота ги очекува натпревари од 6.коло во регионалната-скопска лига

Генерациите 2005 и 2006 на ФК Вардар во сабота ги очекува натпревари од 6.коло во регионалната-скопска лига

Во сабота, во рамките на 6.коло од регионалната-скопска лига, натпревари ќе одиграат генерациите 2005 и 2006 на ФК Вардар. Противник е екипата на Еуроспорт од Куманово, мечеви кои ќе се одиграат на теренот на Академијата. Натпреварите ќе започнат во термините од 10 и 12 часот.

Генерацијата 2006 на Вардар има максимални 12 освоени бодови, на четири одиграни натпревари, со оглед дека еден беше ревијален против Академијата на ФФМ. Ова ќе биде дерби, со оглед дека и екипата на Еуроспорт има четири победи на исто толку одиграни дуели, а следниот наш противник прими само еден гол, на четири меча, додека Вардар се уште нема примено гол во својата мрежа. Тоа значи дека не очекува меч на најдобрите екипи во лигата и на тимовите кои имаат најдобра одбрана.а

Генерацијата 2005 на Вардар засега одигра само три меча и забележа исто толку победи, додека екипата на Еуроспорт има одиграно вкупно пет дуели сезонава. Кумановчани имаат скор од една победа, еден нерешен резултат и дури три порази, што го става Вардар во улога на фаворит, во пресрет на саботниот дуел од регионалната-скопска лига.

Пред одигрување на 6.коло во регионалната-лига, двете генерации на Вардар имаа успешни настапи во рамките на првите мечеви од 1/4 финалето на Купот, на кои обезбедија значајна предност пред реваншите.