Две генерации на фудбалскиот клуб Вардар имаа победнички старт на турнирот „Боровец Самоков Куп 2019“ откако утрово ги добија првите мечеви.
Турнирот први го отворија генерацијата 2007 која за противник ја имаше екипата на Рилски Спортист. Избраниците на Филип Спасевски беа подобрата екипа на теренот и на крајот славеа со резултат 2:0. Стрелец на двата гола беше Стефан Младеновски. Кај оваа генерација се игра 8+1 на теренот, две полувремиња од по 25 минути.
Во истиот термин настапија и најмладите вардарци на турнирот, тоа е генерацијата 2009 која ја предводи Илија Колевски. Нашите млади надежи немаа никакви проблеми на стартот од турнирот, совладувајќи ја екипата на Пирдоп со резултат 16:0.
Јаков Стојковски беше стрелец на четири голови, додека хет-трик постигна Васе Папалиски. По два гола беа дело на Дарин Михајловски, Даниел Колевски и Матеј Крстевски. По еднаш во листата на стрелци се запишаа и Павел Котески-Митровски, Димитар Ацевски и Качман Сулејман. Натпреварите кај оваа генерација се играат по 3 полувремиња, од по 15 минути.
Последни кои денес ќе настапат ќе биде генерацијата 2006, која за противник ја има екипата на Марек од Дупница.