Во организација на Здружението “Спорт Јуниор“, коорганизација на Општинскиот фудбалски сојуз Гази Баба, под покровителство на Општина Гази Баба, Фудбалска Федерација на Македонија, Агенцијата за млади и спорт и Амбасадата на Република Словенија, од 28.08. – 30.08.2018 година, ќе се одржи турнир во фудбал за млади категории “Гази Баба Куп 2018“. На истиот учество ќе земат и генерациите на Вардар родени “2003„ и “2006„ година.
Натпреварите за генерација 2003 година ќе се играат во нас. Маџари и ФФМ – н.м Лисиче. Избраниците на Филип Деспотовски во група ќе бидат со екипите на Милано и со Академијата на ФФМ. Во текот на утрешниот ден ќе ги одиграме двата натпревари во групата. Најпрво во 11:30 часот ќе се сретнеме со екипата на Милано, додека истиот ден, во терминот од 17:00 часот за противник ја имаме академијата на ФФМ. Двата дуели ќе бидат одиграни на стадинот “Борис Трајковски„ во населбата Маџари.
Во групата Б кај генерацијата “2003„ ќе се натпреваруваат екипите на Хајдук од Сплит, потоа Работнички и Њу Старс. Групата В ја сочинуваат екипите на Кул Здравје Победа од Прилеп и Фортуна 2009.
Во генерацијата родени “2006„ година учество ќе земат вкупно 16 екипи, поделени во четири групи. Вардарци кои се предводени од Филип Спасески ќе се натпреваруваат во групата Г, заедно со екипите на Форца, Скупи и Сарај. Нивните мечеви ќе се играат на теренот со природна трева во Лисиче на ФФМ ( не на комлексот Петар Милошевски„). Во првото коло кое на програмата е утре, со почеток од 09:30 часот, Вардар силите ќе одмери со екипата на Сарај, додека во попладневниот термин од 18:00 часот, за противник ја имаме екипата на Форца.
Кај оваа генерација во групата А ќе играат екипите на Црвена Ѕвезда, Национал Софија, Постолов Пандев и Победа од Прилеп. Групата Б ја сочинуваат екипите на Шкендија, Њу Старс, Гроздановски и Реал Ниш. Во групата В ќе играат екипите на Албарса, Милано, Драчево Јуниор и Работнички.