Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. 2006 и 2007 ќе играат во 1/2 финалето на турнирот „Гази Баба Куп 2019“
ФК Вардар генер. 2006 и 2007 ќе играат во 1/2 финалето на турнирот „Гази Баба Куп 2019“

ФК Вардар генер. 2006 и 2007 ќе играат во 1/2 финалето на турнирот „Гази Баба Куп 2019“

Три генерации на ФК Вардар денес ги одиграа своите 1/4 финални мечеви на турнирот „Гази Баба Куп“, две од нив успеаа да изборат пласман во 1/2 финалето.

Момците на Филип Спасески од генерација 2006, лесно го совладаа тимот на ФК Кул во 1/4-финалето на меѓународниот турнир „Гази Баба Куп-2019“. Тие успеаа да одиграат дуел во кој целосно доминираа и победија со високи 4-0.

Пласман во утрешното полуфинале обезбедивме со погодоци на тројца играчи од црвено-црниот тим. Два пати стрелаше Алтин Алији, по еднаш мрежата на Кул ја тресеа Марко Николовски и Михаил Николов. Со доминантна игра покажавме дека сме аспиранти за висок пласман на овој собир.

ФК Вардар генерација родени 2009 на Игор Кралевски беа сопрени во 1/4-финалето од екипата на ФК Драчево Јуниор. Тие беа поразени со минимални 1-0 по што утре нема да настапат. За жал турнирскиот систем е секогаш суров, оваа екипа имаше максимален број на победи во групата.

ФК Вардар генер.2007 денес одигра дуел со градскиот ривал ФК Работнички на терените на ФФМ во Ново Лисиче. На оваа средба ние славевме триумф со резултат 2:1

2

Првиот дел започна со наша доминација, ние имавме повеќе од играта. Прва прилика впиша Борјан Томовски, кој беше одлично проигран од капитенот Александар Грашевски, топката мина крај голот. Во фудбалот често се казнува промашувањето, па ривалот погоди за 0-1. Ние се обидовме веднаш да изедначиме, успеавме преку Грашевски. Тој изведе еден прекин, шутираше дирекно и постигна ефектен евро-гол за резултатска симетрија 1-1. До крајот на полувремето истиот играч уште еднаш се закани.

3 4

Во вториот дел шанса имаше Младеновски, но одбрани голманот на Работнички, додека Работнички врати на другата страна, но одбрани Исајловски. Избраниците на Горан Петрески успеаа да направат пресврт и со голот на Стефан Младеновски да поведат со 2:1. До крајот на мечот немаше големи шанси на двете страни, Вардар славеше победа со резултат 2:1.

5

Во текот на утрешниот ден не очекуваат полуфиналните, и евентуалните финални мечеви на турнирот.