Thursday ,17 April 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Две години “Вардар фанс“ , благодариме на довербата
Две години “Вардар фанс“ ,  благодариме на довербата

Две години “Вардар фанс“ , благодариме на довербата

Нашиот црвено-црн вардаров веб-сајт започна активно на македонското спортско “новинарско небо“ пред точно две години, прехлани на овој ден започнавме официјално да ги промовираме нашите статии до нашите читатели. Во меѓувреме од тогаш до денес споделивме со вас нешто над 8200 текстови за големото црвено-црно семејство.

Нашата визија вроди со плод пред две години, се “роди“ медиумот кој посакавме и успеавме.. Се обврзавме во целост да ги следиме сите екипи што имаат име Вардар, дали станува збор за првите тимови на фудбалскиот и двата ракометни колектива, двата кошаркарски, кугларскиот, боречкиот, атлетичарскиот се до сите детски категории на вардаровата школа. Мило ни е што успеавме да си ја оствариме целта и да покриеме добар дел од настаните за кои сакавме да известуваме, особено со акцент на младите вардарци кои доаѓаат, на кој им останува иднината. Нашата мисија е за промоција на светото име “Вардар“, нашата желба е секоја црвено-црна “клетка“ да биде следена и да се известува за неа. На нашите читатели чии број рапидно расте од ден на ден, им се заблагодаруваме на читањето и посетата на нашиот и ваш сајт.

Ви благодариме, спортски поздрав ваш Вардарфанс.мк