Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка! Калов и Адекунде го однесоа Вардар на завршниот турнир во Купот
Кошарка! Калов и  Адекунде го однесоа Вардар на завршниот турнир во Купот

Кошарка! Калов и Адекунде го однесоа Вардар на завршниот турнир во Купот

Вчера во спортската сала „Младост“во Гостивар момците на кошаркарскиот клуб   Вардар успеаа да се пласираа во завршницата на “Лимак Купот“ на Македонија. Тие  однесоа гостински триумф над домаќинот,  тимот на Гостивар со 69-74 (14-17, 22-14, 14-24, 19-19). Вардар е последниот патник на завршницата на Лимак Купот на Македонија, кој од 17-ти до 19-ти  месецов  ќе се одржи во салата „Јасмин“ Кавадарци.

Младите кошаркари на Вардар одлично го започнаа натпреварот и по првата четвртина имаа предност од 14-17. Домаќинот кој е  лидер во Втората кошаркарска лига, во продолжение  направи целосен пресврт и на одмор  замина со предност од “плус пет“ поени односно  36-31. Избраниците на Кочов  по паузата повторно одиграа одлично, тие  ја добија третата  четвртина со 10 поени  влегувајќи во последниот период со “плус пет“ односно со резултат 50-55. Во завршната  четвртина Гостивар пројде во водство откако направи серија  7-0 на стартот, домаќинот  со поените на Костевски поведе со 57-55. Во самата завршница влеговме со негатива од три поени 63-60 на три минути до крајот. Сепак црвено-црните успеаа да се дигнат и победија со  69-74. Во нашиот  тим двајца момци беа одлични во овој куп меч,   Калов постигна  19 поени, а американецот Адекунде уфрли 18 коша.