Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > (ФОТО) Нашите млади надежи заминаа во освојување на Бугарија
(ФОТО) Нашите млади надежи заминаа во освојување на Бугарија

(ФОТО) Нашите млади надежи заминаа во освојување на Бугарија

Генерацијата на ФК Вардар родени “2005“ година предводени од тренерот Кралевски утрово замина за Бугарија (Сандански) каде од утре па се до недела ќе бидат дел од силниот меѓународен турнир “Балканика “куп“. Во конкуренција на 12 силни екипи меѓу кои и нашиот клуб ќе го бараме победникот во оваа генерација. Екипите ќе бидат поделени во три групи кои ќе бројат по четири екипи, а само првопласираните од групите и втората најдобро пласирана ќе имат можност да играат во полуфиналето. Веќе ви ги објавивме противниците во групната фаза, како и имињата на играчите кои ќе ги бранат боите на Вардар во Сандански. Нашите млади надежи веќе пристигнаа и се сместија во хотелот “Панорама“.. Утре го играме првиот натпревар против екипата на Черноморец, меч кој ќе започне во 09:00 часот.