Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Две младински репрезентации доживеаа пораз, настапи забележаа и вардарци
Две младински репрезентации доживеаа пораз, настапи забележаа и вардарци

Две младински репрезентации доживеаа пораз, настапи забележаа и вардарци

Македонија У16 и У21 денес ги одиграа своите први контролни натпревари, едните во Скопје, другите во Анталија.

Македонија У16 беше поразена на првиот тест натпревар од соодветната селекција на Бугарија. На натпреварот кој се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ избраниците на Тони Јакимовски беа поразени со резултат 0:2.

Од вардаровите играчи, само Марко Стојилевски ја одигра целата утакмица, додека шанса во вториот дел од клупата добија и Никола Величковски, Горјан Цветков и Филип Јовановски. На 28.март истата селекција ќе го одигра и вториот контролен дуел, против врсниците од Босна и Херцеговина.

Пораз забележа и Македонија У21 која се наоѓа на подготовки во Анталија. Денес прв противник за момците на Благоја Милевски беше селекцијата на Казахстан која не победи со резултат 1:2. Сите голови беа постигнати во вториот дел од натпреварот.

Александар Ѓурковски се најде во стартните 11 за Македонија, додека во игра во вториот дел влегоа Мартин Радуловиќ-Величковиќ и Виктор Крстевски. Следниот дуел е закажан за 27.март против репрезентацијата на Словачка.