Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер.2008 со две победи над Њу Старс ја заврши есенската полусезона
ФК Вардар генер.2008 со две победи над Њу Старс ја заврши есенската полусезона

ФК Вардар генер.2008 со две победи над Њу Старс ја заврши есенската полусезона

ФК Вардар генер.2008  денес со  две победи над Њу Старс ја заврши есенската полусезона во детската лига. Момците на Миле Крстев на мечевите одиграни на терените на Фудбалската федерација на Македонија  по ладно време кое беше голема мака за младите момци постигнаа два успеха.

Први настапија Вардар (2) кои го совладаа  Њу Старс 2  со резултат 5-2 на оваа средба. Дуелот почна со наша иницијатива и два обиди од дистанца, со удари од далечина се обидоа Илија Митаноски и Петар Јаковлевски, но неуспеавме да оториме. Стефан Марковски изведе добар слободен удар кој голманот на Њу Старс успеа да го одбрани, на другата страна нашиот “чувар на мрежата“ Дарко Јовчев имаше атрактивна интервенција. Конечно го скршивме отпорот на противникот преку Коста Бошковски кој со удар од 15-16 метра погоди за 1-0. Веќе беше скршена цврстата одбрана на противникот па до крајот на првиот дел уште двапати стрелавме. За 2-0 погоди Бојан Пешевски, а конечните 3-0 со кои се замина на одмор на оваа средба ги постави Павел Андов.

h2

Вториот дел почна со шанса за последниот стрелец во првиот дел, Павел Андов се обиде на почетокот. Илија Митаноски направи потоа “славом“ низ противничката одбрана исфрли три чувари и дојде во прилика, сепак неговиот удар заврши крај десниот директ. За овие две промашувања бевме казнети со погодок од пенал, ривалот го намали нашето водство на 3-1. Петар Блажевски не дозволи да се загрози нашата предност и погоди за повторно да бидеме на три плус, со голот за 4-1. Имаше шанса Илија Митаноски со глава, неговиот удар завши повторно за маклу надвор од рамките на голот. Филип Сребров упати силен удар, голманот на Њу Старт беше принуден да одбие во корна со крајни напори. Тоа беше третта корна и казнет удар за нас, истиот во гол го претвори со силен шут под гредата нашиот голман Дарко Јовчев. Поради мало опуштање во последните напади му дозволивме на противникот да намали на 5-2, но големата предност ни дозволуваше опуштена игра.

h4

На вториот дел Вардар (1) генер. “2008„  со високи 7-0 беше подобар од тимот на Њу Старс 1. Тргнавме силно по првата судиска свирна, по само 3.минути фудбал Стефан Бранковски успеаа да погоди за 1-0. Капитенот Ненад Дамјановски имаше две прилики, во првата со глава не погоди, во втората шутна силно и ја удвои предноста на 2-0. Две големи прилики имавме за да поведеме и со “три плус“, најпрвин Огнен Бојковски се обиде од дистанца, потоа Киш Матеј изведе слободен удар од десно нафрли до Ненад кој силно шутна крај голот на противникот. Пред крајот на првиот дел две прилики имаше Коста Бошковски во првата го “матираше“ голманот за високи 3-0.  Во втората воедно последна за нас во овој дел неговиот удар беше одбранет, со предност од 3-0 заминавме на пауза.

h

Вториот дел го добивме во целост, имавме целосна доминација на теренот и постигнавме нови четири погодоци обезбедувајќи победа со високи 7-0 на оваа средба. За нас истите ги постигнаа три различни играчи, два гола беа дело на Арти Азизи. По еден гол во ова последно полувреме за календарската 2018 година постигнаа Киш и  Матео Кесиќ.