Двојна победа за вардаровата генерација родени “2009„ година во денешното коло од детската лига. Избраниците на Зоран Петковски славеа во двата дуели, со екипата на Кул.
Многу интересен, неизвесен и пред се квалитетен напревар одиграа екипите на Вардар (1) и Кул (1). Голема борба видовме на двете страни, со надмудрувања, голови и добри акции, сепак на крајот Вардар ги освои бодовите од ова може да се каже дерби дуел. Екипата на Кул беше таа која прва поведе и тоа со гол уште во првата минута од мечот, за предност од 0:1. И по втор пат се заканија кон нашиот гол, но топката заврши покрај голот на Баснарков. Вардарци се ослободија од почетната трема, па започнаа поангажирано да играат. Првиот директен удар кон голот на Кул го имаше Дарин Михајловски, но одбрани голманот на Кул, кој денес имаше неколку одлични интервенции и во неколку наврати го спасуваше својот гол.
Јаков Стојковски од Вардар се обиде од голема далечина, но интервенира противничкиот чувар на мрежата. После еден прекршок во противничкиот голмански простор на Кул, беше направен фаул врз наш играч, по што беше досуден пенал за црвено-црните. Одговорноста ја превзема Јаков Стојковски кој погодува за израмнување на 1:1. Кул ја врати предноста, кога после прекин топката се одби до еден од противничките играчи, кој бие во аголот, Баснарков немаше време да интервенира, па беше принуден да ја вади топката од својата мрежа, тоа значеше водство за Кул од 1:2. Упорниот Вардар во последните пет минути од првиот дел го израмни по втор пат резултатот на овој меч, овој пат од игра погоди Васко Папаливски, за на одмор од пет минути да се замине со резултат 2:2.
Избраниците на Петковски беа подобри во второто полувреме, имаа поголем посед на топка и почесто создаваа акции за голови. Марко Петровски беше играчот кој направи целосен резултатски пресврт откако од десната страна биеше откосо, голманот на Кул беше покриен, а ударот на Петровски беше силен и прецизен, па топката заврши во мрежата, за прво водство на Вардар од 3:2.
Се обиде и Павел Котески-Митроски, но одбрани чуварот на мрежата на Кул. Цврста игра од Вардар и Кул, двете одбрани беа на своето нови, па не дозволија многу опасности по нивните голови. Кул имаше прилика да израмни откако од прекин опасно биеа, но одбрани голманот Марко Баснарков. Кај црвено-црните се закани Папаливски, но одбрани голманот. До крајот на мечот без голема шанса за нов гол, на крајот триумф на Вардар од 3:2. Вардар (1) и понатаму останува без пораз во лигата.
До триумф стигна и Вардар (2) во дуелот со екипата на Кул (2) и тука бевме подобри со резултат 5:0. Првата поголема шанса за отварање на резултатот ја имаше Вардар преку Колевски кој бие од неколку метри, но голманот на Кул одбрани и спаси чист погодок. За Вардар се создаде нова прилика за гол, откако противникот направи три корни беше досуден пенал за нас, истиот не го реализиравме преку Ацевски, кој шутира силно над голот. Сепак водство за црвено-црните донесе Сулејман Качман кој погоди за предност од 1:0, додека до крајот на вториот дел предноста ја зголеми и Димитар Ацевски кој постигна гол за 2:0.
Во вториот дел исто така бевме подобри, не само што не дозволивме погодок во нашата мрежа, туку и постигнавме нови три. Подеднаква минутажа на голот денес добија Лазаревски и Најдовски. Кул имаше прилика за гол, но немаа среќа и ја погодија само пречката, додека имаа уште еден обид но одбрани Лазаревски. Вардар се закани преку Колевски, но одбрани голманот, а Николај Наќевски не успеа да погоди од белата точка, односно ја погоди стативата. Поради три корни кои ги направи Вардар, екипата на Кул доби можност да реализира од пенал, но не успеаа, топката заврши покрај голот.
Во последните пет минути успеавеме да постигнеме дури три голови во мрежата на Кул. Со својот прв гол денес, резултатот на 3:0 го зголеми Максим Павловски. Втор гол на мечот и за Сулејман Качман за водство од 4:0, додека конечните 5:0 ги постави Николај Наќевски, за кој ова денес беше прв погодок.
Честитки за двете екипи на Вардар за добрата игра и остварените победи во детската лига.