Утринава програмата во Детската фудбалска лига ја отворија најмладите дечиња од генерација 2010 на Вардар. Момчињата на Петковски славеа две победи против екипите на Гроздановски и Работнички. Вардар (1) победи убедливо, додека пак Вардар (2) со резултат 3:1 го порази Работнички.
Вардар (1) започна добро, по само неколку минути Стефан Ристиќ стрелаше прецизно за 1:0. Потоа голманот Филип Наумовски одбрани пенал и чист удар на противникот за израмнување, ова на спротивнта страна го казни со уште еден гол Стефан Ристиќ за 2:0 за Вардар. Следен кој се запиша во листата на стрелци беше Далибор Марковиќ кој со два гола му донесе на Вардар висока и сигурна предност од 4:0. Головите за Вардар се редеа, следни два гола постигна Марко Јовановски за 6:0. Хет – трик на овој натпревар во вториот дел постигна Ристиќ со уште еден гол за 7:0. До крајот на мечот погодија уште и Матеј Чедевски со два гола, Трајков Константин со два, Марко Јовановски со уште еден и Ристиќ со својот четврти за убедливи 13:0.
Вардар (2) се сретна со тимот на Работнички, нашите играчи во еден возбудлив натпревар на крајот победија со резултат 3:1. Прв кој се закани кон голот на Работнички беше Васоски Петар, неговиот удар заврши крај голот на тимот на Работнички. Васоски Петар не грешеше два пати, за неколку минути нашиот играч го скрши отпорот на противникот и со гол го доведе Вардар на предност од 1:0. Потоа Вардар тргна напаѓачки и по втор гол, шансите се редеа но, реализацијата малку изостана. За предност од 2:0 за Вардар се погрижи Лука Јосифовиќ со прецизен удар за двојна предност. Со резултат 2:0 се замина на пауза. Во вториот дел тимот на Работнички дојде до гол и намалување на предноста на 2:1. Потоа следуваше нова опсада по голот на Работнички, Васоски и еден наш играч промашија добри шанси за трет гол. Третиот гол за Вардар дојде кон средината на вториот дел, Васоски со нов гол погоди за 3:1. Конечните 3:2 на овој натпревар ги постави истиот играч од тимот на Работнички кој погоди и првиот пат. Со резултат 3:2 заврши овој дуел.