Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Две победи за полуфинале на турнирот во Маџари и за Фк Вардар генер. “2005“
Две победи за полуфинале на турнирот во Маџари и за Фк Вардар генер. “2005“

Две победи за полуфинале на турнирот во Маџари и за Фк Вардар генер. “2005“

Фк Вардар генерација “2005“ исто така обезбеди пласман во полуфиналето на турнирот во Маџари. Избраниците на Зоран Петковски денес ги одиграа двата меча во својата група и забележаа две победи, кои им овозможија утре да играат во полуфиналето и да се борат за можно финале во оваа генерација. Да напоменеме дека во текот на вчерашниот ден своите мечеви од групата ги играа и генерација “2006“ кои без проблеми славеа и се најдоа во најдобрите четири екипи.

Во првиот натпревар генерација “2005“ за противник ја имаше екипата на Фамос, на кој забележаа триумф со резултат 3:0. Заслужена победа за нашите момци, кои доминираа во текот на целиот натпревар. Филип Јовановски беше стрелец на два гола, додека еден гол впиша и Давор Лефковски.

Тимот на Скупи беше последната пречка за избраниците на Петковски за пласман во следната елиминациска рунда. Две различни полувремиња видовме на овој дуел. По првиот дел противникот имаше водство од 0:1, додека во второто полувреме многу подобра игра на нашиот тим за целосен пресврт и триумф од 2:1. Филип Јовановски повторно беше стрелец за Вардар, а вториот погодок беше дело на Дарко Сековски. По одигрување на натпреварите од другите групи, ќе биде познат противникот во полуфиналето за црвено-црните.

На денешните натпревари настапивме во следниот состав: Фк Вардар генер. “2005“ : ЛЕОНИД ИЛИЕВСКИ, МАРКО БРЕСЛИЕВ, МАТЕЈ НИКОЛОВСКИ, ТИНО СПАСИЌ, ЗОРАН ФИДАНОВСКИ, ФИЛИП ЈОВАНОВСКИ, ДАВОР ЛЕФКОВСКИ, ДАРКО СЕКОВСКИ, НИКОЛА ВЕЛИЧКОВСКИ, ЛУКА ЈАКИМОВСКИ, ВЛАТКО КОЛУКОВСКИ.