Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Две победи за помладите пионери на Фк Вардар во Велес
Две победи за помладите пионери на Фк Вардар во Велес

Две победи за помладите пионери на Фк Вардар во Велес

Викендов кој помина, пионерите на Фк Вардар отпатуваа за Велес каде одиграа два пријателски натпревари. На двата натпревари кои се играа по 45 минути, забележаа победи.

Првиот противник беше екипата на Дубочица од Лесковац , каде црвено-црните забележаа победа со 3:0. Марко Ѓоргиевски постигна два гола, а еден Никола Џурџу. Вториот натпревар беше против Борец, и заврши со резултат 1:0 за Вардар. Повторно стрелец беше Марко Ѓоргиевски.

Ова најверојатно е последна припрема, пред стартот на пролетниот дел од сезоната. Дербито со Пелистер во Битола, ќе се игра викендов кој доаѓа.