Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Две Вардарови генерации на ФК Вардар утре ги играат реванш натпреварите од 1/4 на националниот куп
Две Вардарови генерации на ФК Вардар утре ги играат реванш натпреварите од 1/4 на националниот куп

Две Вардарови генерации на ФК Вардар утре ги играат реванш натпреварите од 1/4 на националниот куп

Две младински екипи на фудбалскиот клуб Вардар утре ќе ги одиграат реванш натпреварите од четвртфиналето на националниот куп.

Пионерите со почеток од 10:30 часот на академијата ќе го одиграат реванш мечот од 1/4 против екипата на Шкендија. На првиот дуел кој се играше во Тетово, мечот заврши со нерешен резултат 1:1, кој ни дава големи шанси за пласман во следната рунда. Стрелец на единствениот погодок на тој натпревар за Вардар беше Саит Битиќи. Избраниците на Сашо Тодоровски не се наоѓаат во најдобра форма, откако ги загубија последните два првенствени натпревари, од кои едниот беше токму од утрешниот противник, што беше и нивни прв оваа сезона. Сепак тоа треба што побргу да се заборави и силите да се насочат кон утрешниот дуел со противникот од Тетово.

Реванш натпревар од 1/4 на купот игра и Вардаровата генерација родени “2003“ година, против екипата на Работнички. Првиот меч одигран на гостински терен го добивме со резултат 1:2, со головите на Јовановски и Пашариковски. Утрешниот реванш ќе се игра на академијата со почеток од 13:00 часот. Избраниците на Томче Трајановски се вво победнички ритам, откако имаат седум последователни победи во регионалната лига.