Во четврток, 10-ти декемеври вистински вардаров ден ни престои. Во истиот играат нашиот фудбалски и ракометен колектив. По вчерашната одлика на фудбалската федерација дуелите од последното есенско коло во првата лига се преместени од првично закажаниот термин во среда за ден подоцна во четврток со почеток во 13-00 часот.
На фудбалскиот меч ни доаѓа кратовски Силекс во дуел кога ќе ја прославуваме “есенската титула“ кој токму кратовчани ни ја “подарија“ одкако по нашиот “кикс“ и ремито со Работнички вчера стигна вест од Кратово дека Силекс и нанесе пораз на Шкендија со што вардарци се промовираа во есенски прваци. Вардар во последното коло влегува со пет бода преднос во однос на тетовските црвено-црни кој имаат “црна серија“ од 4 меча без победа. По овој меч истиот ден најверните следеници на црвено-црните бои ќе се упатат кон С.Ц “Јане Сандански“ каде има закажно РК Вардар дуел во Сеха регионалната лига со тимот на ППД Загреб предводен од поранешниот вардаров кормилар Веселин Вујовиќ. Самото доаѓање на Вујо пред скопската публика чии идол е предизвикува посебно чуство кај сите кои ќе присуствуваат на овој дуел на двата тима кои имаат СЕХА-круни во својте витрини. Мечот со загребчани е закажан за во 17-45 часот. Четврток е вистински ден за сите вљубеници, подржувачи, навивачи и симпатизери на двата вардарови тима да уживаат во нивните натпревари.