Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Тинерхолм го сочинува одбрамбениот бедем на Малме
Тинерхолм го сочинува одбрамбениот бедем на Малме

Тинерхолм го сочинува одбрамбениот бедем на Малме

Продолжуваме со анализа на играчите на тимот на Малме. Следен важен играч на овој тим е одбрамбениот играч, 26 годишниот Антон Тинерхолм.

Тинерхолм оваа сезона е стандарден играч во последната линија на овој тим, оваа сезона само на еден натпревар не настапил и на тој Малме доживеал пораз. Се работи за брз играч висок 1.76cm, кој настапува на позицијата десен бек. Тинерхолм во својата кариера има настапувано само за два тима, покрај за тимот на Малме во кариерата го носел и дресот на тимот на Атвидабергс, за овој шведски тим настапувал од 2008 до 2014 година запишувајќи 108 натпревари со постигнати 6 голови. Тинерхолм од 2014 година е дел од тимот на Малме, до овој момент има одиграно вкупно 85 натпревари придодадени со 3 голови. Овој играч може да се пофали дека има и девет настапи за шведската репрезентација.

Значи Вардар ќе мора да обрне посебно внимание на брзите играчи на Малме како што се Цибицки, Јотун и Тинерхолм.