Вчера своите мечеви во детската лига ги одигра и ФК Вардар генерација “2005“, тие се сретнаа со Албарса и со екипата на Форца. ФК Вардар (2) оствари триумф 11-2 во дуелот со Албарса, а пак ФК Вардар (1) беше минимално поразен од ФК Форца со 2-1.
ФК Вардар (2) генер. “2005“ после нерешениот резултат во минатото коло против екипата на Албарса, ова коло не дозволи никакво изненадување и високо го победи тимот на Ново Лисиче. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 11:2. Уште по првото полувреме имавме висока водство од 7:0, па второто полувреме само рутински го одработивме. Горјан Цветков блескаше на овој натпревар постигнувајќи 5 гола. Филип Крстиќ и Бојан Јаневски беа стрелци на 2 погодоци, додека по еднаш во листата на стрелци се запишаа Петар Пројкоски и Дамјан Конески.
ФК Вардар (1) се сретна со екипата Фк Форца , мечот почна со блага теренска иницијатива на младите противнички фудбалери. Нашиот голман Леонид Илиевски со одлични интервенција го одбранува својот гол и го одржува почетниот резултат 0-0 Црвено-црните ја преземаа иницијативата во продолжение , и забележуваат сериозна шанса преку Филип Јовановски кој одлично шутира одкако се ослободи од противничкиот играч со дриблинг и упати удар под гредата, а пак голманот прекрасно брани успевајќи само со врвот на прстите да исфрли во прв корнер зa нас на мечот . Во продолжение мечот се игра помеѓу двата казнени простора, сепак на одмор се заминува со почетните 0-0.
Вториот дел почна слично како и што заврши почна првиот, тврда игра, две борбени екипи кои влегуваат во дуел и се борат за секоја топка. Прва интересна ситуација и шанса во овој дел од мечот имаше Лефковски Давор кој се обиде со директен удар од корнер, но голманот на Форца ја прозре неговата намера да го изненади и навреме боксуваше. Исто така во следната акција во 10 минута од мечот одлична голманска инtервенција забележува Леонид младиот чувар на црвено-црниот гол, што беше наградено со гол. Лефковски беше во шанса погоди прекрасно од дистанца, топката заврши зад грбот на голманот на Форца што предизвика радост на нашата клупа. По голот црвено-црните тргнаа во целосна иницијатива барајќи втор гол, а играчите на Форца се обидуваат само од контра и со удари од дистанца да изедначат. По една контра за Форца највисок во казнениот простор е противничкиот играч кој со глава упатува одличен удар под гредата , сепак нашиот млад голман Леонид успева вешто да ја прифати топката со двете раце. Форца успева да изедначи на 3 минути до крај откако по удар од 20 метра нашиот голман одбива во поле, по што најубаво се снаоѓа еден од играчите на нашиот противник и стрела за 1-1. Веќе во следната акција поради три пенала досуден е пенал за Форца кој успешно го реализираат и со пресврт го преземаат водството. Црвено-црните до крај не успееа да постигнат израмнувачки гол.