Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Хамбарџумјан заминува во Англија, Вардар мора да бара нов десен бек
Хамбарџумјан заминува во Англија, Вардар мора да бара нов десен бек

Хамбарџумјан заминува во Англија, Вардар мора да бара нов десен бек

Денес одекна вистинска трансфер ”бомба” во Македонија. Еден од најдобрите играчи на ФК Вардар, ерменецот Хофханес Хамбарџумјан добил понуди од неколку англиски великани кариерата да ја продолжи на островот. Имено како што пренесуваат медиумите на островот, за услугите на нашиот играч се заинтересирани три екипи од Англија и тоа ни повеќе ни помалку туку: Шампионот на Англија, тимот на Лестер, потоа тимот на Евертон и тимот на ВБА, кој се чини дека е најзагреан да го види во своите редови популарниот ”Хоф”.

Секако ова е голем удар за Вардар, доколку ”Хоф” замине, а се по извесно е тоа, ќе треба управата на Вардар брзо да реагира и да бара адекватна замена за ерменецот на десната бековска позиција пред квалификациите за ЛШ. Во овој момент, Вардар на десната бековска позиција го има и Владица Брдаровски. За мало потсетување, Хоф има договор со Вардар, па доколку замине, прволигашите од Англија ќе треба да го ”одврзат кесето”.