Довчерашниот играч на Вардар, Хуан Фелипе, кој го раскина договорот со “црвено – црните” пред два дена е пред трансфер во Казахстан, во тимот на Каират.
Оваа информација ја објави поралот „Инфоспорт“, повикувајќи се на извори блиски до Бразилецот, кој штом ја слушнал понудата за да замине во средна Азија воопшто не се двоумел и експресно ја прифатил.
Според информациите, Фелипе во новиот клуб би заработувал двојно повеќе од Вардар, односно 30.000 евра месечно, плус бонуси и премии за успеси. Повеќе прочитајте Тука.