Тимот на Фенербахче во Скопје пристигна без двајца познати играчи. Поради повреди во Турција останаа Бразилскиот напаѓач Фернандао, и играчот од средината на теренот Мехмет Екичи. Двајцата веќе подолг период се надвор од натпреварувачки ритам.
Во Скопје го нема Фернандао, но затоа пак пристигна Солдадо. Шпанецот би можел дури и да започне уште од првата минута со Ван Перси во шпицот на нападот.