По разделбата со ФК Вардар, искусниот напаѓач Филип Ивановски кариерата ќе ја продолжи во градскиот ривал, екипата на Работнички. Филип Ивановски имаше сезона за незаборав во Вардар, во сезоната 2011/12 Ивановски во дресот на Вардар на 32 натпревари успеа да постигне дури 24 погодоци. Потоа замина во Астана, во Вардар се врати во сезоната 2013/14, каде настапуваше до крајот на изминава сезона. Популарниот Фичо изминатава сезона настапи на 27 натпревари во дресот на Вардар и успеа да постигне седум голови.
Ивановски oваа сезона ќе ги тресе мрежите повторно на Градски, но во друг тим. Му посакуваме се најдобро во новата средина на Ивановски Филип.