Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. “2004“ и на реваншот ја наполни мрежата на Фер Плеј и обезбеди големо финале во купот
ФК Вардар генер. “2004“ и на реваншот ја наполни мрежата на Фер Плеј и обезбеди големо финале во купот

ФК Вардар генер. “2004“ и на реваншот ја наполни мрежата на Фер Плеј и обезбеди големо финале во купот

Вардаровата генерација родени “2004“ година ќе играат во големото финале на купот, откако денес на теренот на Академијата славеа повторно убедливо против екипата на Фер Плеј, во рамките на реванш мешот од полуфиналето на националниот куп. Избраниците на Игор Кралевски не пропуштија ништо на случајноста и со триумф денес од 9:1 го потврдија пласманот во големото финале.

Вардар: Гигов, Љушев, Серафимов, Милошевски, Јаневски, Каровски, Гуџуфи, Стоимов, Богдановски, Стојановски, Курти.

Во игра влегоа уште и Сурлов, Ивановски, Перковски, Хајдари, Ибраим, Дошев и Сиљановски.

Голеадата на овој натпревар со два последователни голови ја започна Бесар Гуџуфи. Најпрво во 11 минута го отвори реззултатот за 1:0, а веќе во 20 минута со неговиот втор гол имавме предност и од 2:0. Само две минути подоцна, во листата на стрелци се запиша и Арбин Курти кој го зголеми резултатот на 3:0. До крајот на првиот дел постигнавме уште два гола во противничката мрежа и двата беа дело на нововлезениот Левент Ибраим, најпрво во 32 минута за предност од 4:0, а потоа и во 37 минута за предност од 5:0. Во вториот дел постигнавме уште четири голови во мрежата на Фер Плеј. Со својот втор гол денес, Арбин Курти во 64 минута зголеми на 6:0. Во листата на стрелци се запиша и Теодор Перковски, кој влезе во игра во вториот дел и со неговиот погодок, црвено-црните имаа предност од 7:0. За само три минути постигнавме уште два нови голови. Најпрво во 73 минута прв гол денес и за Марио Сурлов , додека со својот хет-трик денес, Левент Ибраим донесе предност од 9:0. Во последните три минути почесен гол успеа да постигне и екипата од Охрид, која ги постави конечните 9:1 на овој реванш дуел од полуфиналето на купот.

Вардар оваа сезона има можност да стигне и до двојната титула, со оглед дека веќе може да се каже дека се шампиони во регионалната-скопска лига, со оглед на големата бодовна предност пред конкурентите.