Monday ,25 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Падна и Шкендија, ФК Вардар генер. “2005“ ќе игра во големото финале
Падна и Шкендија, ФК Вардар генер. “2005“ ќе игра во големото финале

Падна и Шкендија, ФК Вардар генер. “2005“ ќе игра во големото финале

Финале за генерацијата “2005“ на ФК Вардар на завршниот турнир во детската лига. По екипата на Фудбал Старс, падна и тимот на Шкендија, која беше последната пречка за вардарци кон патот до финалето.

3

Многу полесно од очекувањата, избраниците на Ане Андовски го победија големиот ривал и се пласираа во големото финале. Уште на стартот имавме две стопроцентни шанси, кои не успеваме да ги реализираме. Гаштаров не додаде до Величковски кој беше сам на левата страна. Во следната акција се обиде и Тино Спасиќ, шутираше но одбрани голманот на Шкендија. Црвено-црните имаа доминација на овој дуел, а во голема прилика се најде и Величковски кој беше сам со голманот, но шутираше само покрај голот. Се обиде и Јовановски, но одбрани противничкиот голман. Иницијативата конечно ја претвараме во гол, кога резултатот го отвори Матеј Гаштаров, за водство на Вардар од 1:0. Откако екипата на Шкендија направи три корни, беше досуден пенал за Вардар, кој успешно го реализира Матеј Гаштаров, за водство од 2:0. Тимот од Тетово речиси и да не се закани посериозно кон нашиот гол, за разлика од вардарци кои постигнуваат трет гол во противничката мрежа. Во листата на стрелци се запиша и Никола Величковски, кој го постави резултатот 3:0 на полувреме.

1 2

Иста слика глеадавме на теренот и во вториот дел, Вардар напаѓаше, а Шкендија се бранеше. Следните два гола на овој дуел ги постигна Никола Величковски, кој веќе запиша хет-трик зад своето име и му донесе убедлива предност на својот тим од веќе 5:0. Следиме хет-трик и за Матеј Гаштаров, кој со нов гол само го зголеми резултатот на 6:0. Рутински го одработивме остатокот од натпреварот, но и не заборавивме да постигнеме нови голови. Во листата на стрелци се запиша и Петар Пројкоски, за предност од 7:0. Почесен гол и за екипата на Шкендија, која успева да го намали резултатот на 7:1, додека конечните 8:1 на овој дуел ги постави Матеј Гаштаров, кој го псотигна четвртиот свој гол на овој полуфинален меч.

Утре во големото финале кое на програмата е во 10:30 часот се среќаваме со победникот, од дуелот помеѓу А.Пандев и Кул Здравје.