Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Никола Филевски „јунак“ во пенал серијата, кадетите на ФК Вардар се финалисти во Купот
Никола Филевски „јунак“ во пенал серијата, кадетите на ФК Вардар се финалисти во Купот

Никола Филевски „јунак“ во пенал серијата, кадетите на ФК Вардар се финалисти во Купот

ФИНАЛЕ ВО КУПОТ ЗА КАДЕТИТЕ !!

Попладнево на градскиот стадион во Штип, се одигра полуфиналниот натпревар во Купот кај кадетите, на кој се сретнаа екипите на Брегалница и Вардар. Нашите надежи славеа дури после изведување на удари од белата точка (1:4), откако натпреварот во регуларниот дел заврши со почетниот резултат 0:0.

Вардар имаше иницијатива на овој натпревар и немаше да биде незаслужено ако предвреме во решеше овој полуфинален натпревар. Домашниот тим беше во поодредена улога, се обидуваше да изненади на контра напади, но денес нашата дефанзивна линија функционираше добро. Во првиот дел, обиди имаа Серафимов и Ајетовиќ после центар шут од прекин на Кулуковски. Во овој дел удари кон голот на противникот имаа и Цветков и Јовановски, но на полувреме се замина со резултат 0:0.

Продолживме со иницијатива и во вториот дел, а најзрелата прилика ја имаше Максим Бундалески, кога после една наша добра акција, немаше среќа погодувајќи ја пречката. Во овој дел од натреварот ќе ги одбележиме и ударите на Кулуковски кој за малку биеше крај голот, потоа на Спасиќ и Стојилевски кои се заканија после центар шут од корнер. Откако натпреварот во регуларниот дел заврши без победник, се пристапи на изведување на пенали.

Во пенал рулетот, далеку подобар беше Вардар кој славеше со резултат 1:4. Јунак беше голманот Никола Филевски кој ги одбрани првите два удари на Брегалница, додека ние погодивме во сите четири обиди, петта серија немаше со оглед дека ние веќе имавме недостижна предност. Мирна нога во пенал серијата за нас имаа Влатко Кулуковски, Максим Бундалески, Марко Стојилевски и Тино Спасиќ, сите шутираа идентично на десната голманска страна.