Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Новак го спаси Вардар и не дозволи да биде поразен од Шкупи, тој постигна гол во последната минута
Новак го спаси Вардар и не  дозволи да биде  поразен од Шкупи, тој   постигна гол во последната минута

Новак го спаси Вардар и не дозволи да биде поразен од Шкупи, тој постигна гол во последната минута

Денес во градското дерби фудбалскиот клуб Вардар ја пречека екипата на ФК Шкупи, на дуелот кој се играше на нашиот стадион ние одигравме под нашите можности. Ние за малку ќе бевме поразени дома од Шкупи, во 90+4 честа на црвено-црните ја спаси Новак кој изедначи на 1-1.

Дуелот го почнавме со следниот состав: 1. Алексовски, 5. Битанг, 6. Грнчаров, 9. Блажевски, 11. Барсегјан, 15. Антовски, 16. Глигоров, 21. Новак, 33. Исени, 72. Максимов, 77. Брдаровски. Првиот дел заврши со еден удар наш кон противничкиот гол за цели 45.минути. Тоа беше 6.минута кога  Битанг од 12 метри се обиде по грешката на одбраната на Шкупи, но топката оди само крај голот на сино-белите од скопски Чаир. Нашиот ривал имаше две шанси во овој прв дел од кој една искористи. Се играше  33.минута, топката е кај гостите  центрира Адем од левата страна, а Имери со глава од 5-6 метри успеа да ја спроведе топката во мрежата на Алексовски. Ние до крајот не се заканивме и небевме ниту малку блиску до изедначување.

Вториот дел започна со дури три прилики на црвено-црните момци кои се обидоа да изедначат во воведниот период. Се играше 50.минута центаршут на Барсегјан од левата страна до Максимов кој што упати удар со глава, топката отиде за малку крај дирекот од голот на гостите. Само две минути потоа видовме обид на Максимов од дваесетина метри, топката оди само крај голот и овој пат. Во 68.минута се закаивме после еден  изведен корнер од левата страна, капитенот Боган Грнчаров со глава упати удар над над гредата. И во втората половина од полувремето ние напаѓавме постојано. Во 76.минута во атак беше  Барсегјан од 25 метри шутна  топката отиде крај голот, над истиот играч судијата пет минути претоа не досуди пенал. На десет минути до крајот видовме голема, двојна шанса за Вардар. Најпрво силен удар на Барсегјан кој што ја затресе само пречката, а одбиената топка дојде до Максимов кој упати удар под гредата, но Зендели со крајни напори изби во уште еден корнер за Вардар.  Капитенот се обиде во продолжение, на 2.мин до крајот шутна без успех, тој често се придодаваше со цел да им помогне на офанзивните играчии кои немаа ден.  Честа ја спаси Новак,  кој по центаршут од левата страна до Барсегјан  со глава од пет метри погоди во мрежата на Зендели.