Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар: Да се почитуваат правилата и да има коректно навивање, за да се заштити клубот од казни
ФК Вардар: Да се почитуваат правилата и да има коректно навивање, за да се заштити клубот од казни

ФК Вардар: Да се почитуваат правилата и да има коректно навивање, за да се заштити клубот од казни

Во четврток со почеток од 20 часот на арената “Филип втори„ се игра првиот натпревар од плејофот на лига Европа, помеѓу екипите на Вардар и Фенербахче. Се прават последните подготовки за овој меч, кој треба да биде празник на фудбалот во Скопје и Македонија. Од клубот излегоа со соопштение, во истото се вели:

-При купување на билет, задолжително да се покаже документ за лична идентификација. Уште еднаш апелираме и потсетуваме за коректно навивање од трибините. Да се почитуваат правилата и да не се скандира национализам и расизам, и да не се истакнуваат знамиња со забранети симболи. Само така можеме да го заштитиме нашиот клуб од високите казни на УЕФА. Само заеднички можеме да придонесеме за успех на нашиот тим и со собрани сили да дојдеме до она за кое долго сонуваме. Лицата со хендикеп имаат нов влез, а тој е веднаш до службениот влез означен со знаците на фотографијата. Влезот се наоѓа спроти влезот на хотелот „Парк“.