Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Шкендија на „колена“ , ФК ВАРДАР ГЕНЕР. 2004 ГО ОСВОИ КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА
Шкендија на „колена“ , ФК ВАРДАР ГЕНЕР. 2004 ГО ОСВОИ КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА

Шкендија на „колена“ , ФК ВАРДАР ГЕНЕР. 2004 ГО ОСВОИ КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА

Генерацијата 2004 на ФК Вардар е освојувач на купот на Македонија, откако на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во големото финале ја совладаа екипата на Шкендија. Вардар победи со 2:0, со головите на Стојановски и Милошевски

Тренерот Ѓорѓиески стартуваше со следниве 11-сетмина: Ангелов, Павлески, Милошевски (c), Јаневски, Љушев, Стоимов, Каровски,  Идризи, Дошев, Стојановски, Гуџуфи.

Вардар имаше најголем дел од играта во првото полувреме, бевме поконкретни, додека Шкендија се обидуваше од контра да го изненади нашиот гол. Првиот директен удар го имаше Георг Стојановски, кој бие од околу 20 метри покрај голот на тетовчани. Се закани и противникот, но одбрани нашиот голман, Наум Ангелов. Црвено-црните успеваат да го отворат резултатот на 1:0, со погодокот на Георг Стојановски. На голот претходеше асистенција од Гуџуфи, а Гео уште еднаш покажува дека е врвен голгетер, ја тресе мрежата на Шкендија.

4 5

Можеше лесно да се случи, екипата од Тетово да го загрози нашиот гол, кога Дошев изгуби една топка на нашата половина, еден од играчите на Шкендија биеше силно, но Ангелов повторно е присебен и ја прифаќа топката во рацете. До крајот на првото поувреме, видовме уште по еден обид кај двете екипи. Кај Вардар можност имаше Бесар Гуџуфи, но одбрани голманот, додека Шкендија исто така се закани, но интервенираше Ангелов. По истекот на првите 40 минути, Вардар имаше минимална предност од 1:0.

1

Прва измена кај Вардар на стартот од вториот дел, играта ја напушти Дошев, на негово место во игра е Стефан Стојановски. Зицер позиција за Вардар во првите пет минути од вториот дел, од десната страна нафрли Идризи, кој го пронајде Георг Стојановски, овој од непосредна близина бие силно над голот, голема прилика е пропуштена за зголемување на предноста. Од слободен удар се обиде противникот, брани Наум Ангелов.

2

Нова акција на Вардар, од средината на теренот повлече Каровски кој додаде до Гуџуфи, овој бие, но безопасно за противничкиот чувар на мрежата. Евро гол на капитенот Максим Милошевски, кој од повеќе од 35 метри успеа да го матира голманот на Шкендија, и да му донесе водство на Вардар од 2:0, каков само погодок на вардаровиот стопер, ниту противничкиот чувар не можеше да поверува дека ова беше гол. Во последните 15.минити немаше ништо позначајно за одбележување, ривалот во една прилика  шутна крај голот. Во игра кај нас во финишот влезе Левент Ибраим.

На овој начин генерацијата 2004 на ФК Вардар успеа да го одбрани трофејот во националниот куп.