Генерацијата на ФК Вардар родени “2005„ година се многу блиску до пласманот во полуфиналето на купот, откако утрово на теренот на Академијата го совладаа тимот на Работнички, убедливо со резултат 7:1, во рамките на првиот четвртфинален меч од национланиот куп.
Тренерот Јанев стартуваше со следниве 11-сетмина: Илиевски, Николовски, Јовановски, Спасиќ, Величковски (c), Гаштаров, Лефковски, Цветков, Кукуловски, Таневски, Јакимовски.
Противникот успеа да парира на Вардар само во првото полувреме, кога црвено-црните имаа минимално водство од 1:0 со погодокот на Кристијан Таневски во 23 минута од натпреварот.
Во второто полувреме видовме “дожд„ од голови во мрежата на Работнички, кој на крајот претрпе висок пораз. Само шест минути ни беа потребни во вториот дел да постигнеме два гола и да стигнеме до убедлива предност. Најпрво во 44 минута, со голот на капитенот Никола Величковски зголемивме на 2:0 за само две минути подоца со својот прв гол и Тино Спасиќ да донесе зголемување на 3:0. Гостите малку се понадеваа дека денес нема да бидат високо поразени, кога во 55 минута постигнаа гол за намалување на 3:1. Сепак примениот гол како да ги налути вардарци кои до крајот на мечот постигнаа уште нови четири голови и на тој начин си го олеснија патот кон најдобрите четири екипи во купот. Во листата на стрелци се запиша и Матеј Гаштаров, кога погоди за 4:1 во 58 минута од дуелот.
Во текот на целиот меч, избраниците на Јанев константно притискаа на противничката половина, а Работнички потклекна пред нападите на вардаровите играчи. “Петарда“ во противничката мрежа донесе Давор Лефковски со гол во 62 минута за убедливи 5:1. Не застанавме, напротив сакавме сите дилеми околу патникот во следната рунда да ги решиме на овој прв натпревар. Само пет минути подоцна, Филип Јовановски беше играчот кој зголеми на 6:1, за конечните 7:1 на овој дуел да ги постави и нововлзениот генерациски роден “2006„ година, се работи за играчот од средината на теренот, Дарко Сековски.
Во игра влегоа уште и Дошев, Серафимов, Сековски, Галевски, Калановски, Ристовски и Филевски.
Реваншот на противничкиот терен треба да биде само формалност за Вардар, кој е многу блиску до пласманот во полуфиналето од националниот куп.