Monday ,13 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровата генер. “2005„ убедливо го порази Скопје и стигна до седмата последователна победа
Вардаровата генер. “2005„ убедливо го порази Скопје и стигна до седмата последователна победа

Вардаровата генер. “2005„ убедливо го порази Скопје и стигна до седмата последователна победа

Генерацијата на ФК Вардар родени “2005„ година утрово на теренот на Академијата стигнаа до својата седма последователна победа во рамките на регионалната-скопска лига. Нашите млади надежи за противник ја имаа екипата на Скопје, која ја совладаа убедливо со резултатод 6:2.

Тренерот Сашо Јанев стартуваше со следниве 11-сетмина: Илиевски, Јовановски, Спасиќ, Величковски, Гаштаров, Лефковски, Ристовски, Цветков, Кукуловски, Таневски и Јакимовски.

Вардарци многу рано и тоа уште во 5.минута од дуелот успеваат да го отворат резултатот со погодокот на Кристијан Таневски за предност од 1:0. Вториот гол падна во 20.минута и тоа повторно во противничката мрежа, а стрелец беше Лука Јакимовски за водство на Вардар од 2:0. До крајот на првиот дел видовме уште три погодоци. Избраниците на Јанев зголемија на 3:0 во 30 минута со голот на Тино Спасиќ, а во следните минути, противникот постигна гол и го намали резултатот на 3:1. Голедата во првиот дел ја затвори Давор Лефковски кој со својот прв гол во тој момент зголеми на 4:1, резултат со кој се замина на одмор.

Високото водство ни овозможи мирна игра во вториот дел, сепак не застанавме со офанзивната игра и погодоците. Во листата на стрелци се запиша и Никола Величковски, кој зголеми на 5:1, додека висока предност од 6:1 донесе Матеј Гаштаров во 51 минута од натпреварот. Во 63 минута падна гол и тоа во нашата мрежа, за намалување на 6:2, резултат кој на крајот се покажа и како конечен на овој меч.