Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер.2006 го победи Дарданет и се пласира во осумте најдобри екипи
ФК Вардар генер.2006 го победи Дарданет и се пласира во осумте најдобри екипи

ФК Вардар генер.2006 го победи Дарданет и се пласира во осумте најдобри екипи

Генерацијата на ФК Вардар 2006 успеа денес на терените на ФФМ да ја помине осминафиналната пречка и да се пласира во слеедната елиминациска рунда од детската лига.

Избраниците на Филип Спасевски успеаа во 1/8 финалето да ја победат екипата на Дарданет, со резултат 4:1. Во првите десет минути немаше погодок, иако Вардар беше во атак кон противничкиот гол, а првата шанса ја имаше Дарко Сековски, но одбрани голманот. Црвено-црните успеваат да го отворат резултатот на 1:0, откако Марко Николовски искористи една мешаница во противничкиот простор, најпрво биеше Олег, а од втора Николовски ја тресе мрежата на Дарданет.

3

Вардар имаше целосна доминација на овој меч, создававме постојано прилики за гол и доколку бевме попрецизни можевме на крајот да славиме и поголем триумф. После отварање на резултатот, обиди имаа Алији и Николовски, кои шутираат над голот. Во прилика се најде и стоперот Порчу, кој после нафрлена топка од корнер, со глава бие над голот. Продолживме да се закануваме кон голот на Дарданет, а прашање на време беше кога противничкиот голман ќе ја вади топката од својата мрежа. Сековски имаше обид кога шутира крај гоот, додека и Алији со нов обид, го испроба голманот на Дарданет. Во последните минути од првиот дел, црвено-црните крунисуваат со гол една одлична акција, која ја започна Алији, кој додаде до Сековски, а овој успеа да го матира голманот на Дарданет, за водство од 2:0.

1

И во вториот дел избраниците на Спасевски беа надмоќни и на крајот заслужено стигнаа до победата. Величковски се обиде кога шутираше над голот, додека на нашиот гол се истакна Данстак кој одбрани удар. Со голот на Марко Николовски успеваме да стигнеме до солидна предност од 3:0, на голот прво претходеше удар на Нуредини, голманот одбрани, на одбиената топка стигна Николовски кој успева да погоди. Одлична прилика за зголемување на резултатот имаше Андреј Величковски, кој со глава бие после нафрлена топка од Нуредини, но голманот на Дарданет со одлична интервенција спаси чист гол. Поради играње со рака, судијата на овој дуел покажа пенал за Дарданет, кој успешно го реализираат, за намалување на 3:1. Се обиде противникот да внесе неизвесност на овој дуел, кога се заканија со нов удар, но одбрани Данстак.

2 4 5

Во листата на стрелци се запиша и Алтин Алији, кој погоди за 4:1, откако во истава акција Сековски ја погоди пречката. До крајот на дуелот имавме шанса преку Динов, но одбрани голманот, додека Танчев немаше среќа кога ја погоди стативата. На крајот триумф за Вардар со резултат 4:1.

Во утрешниот ден не очекува борба за полуфиналето на завршниот турнир, за тоа да се случи треба да ја поминеме најпрво четвртфиналната пречка.