Вардаровата генерација 2008 успеа да освои уште еден силен меѓународен турнир, овој пат во Бјелина, “Stopama Save Milosevica”. Избраниците на Влатко Колев во големото финале, дури посе изведување на удари од белата точка ја победија екипата на Динамо Загреб.
Со истиов противник го одигравме и последното коло во групната фаза, меч на кој одигравме без победник (1:1). Арти Азизи беше стрелец на единствениот гол за Вардар. Претходните две победи во групата, против екипите на Фамос Сараево и Петличи ни овозможија пласман во 1/4 финалето.
Во 1/4 финалето добивме јак противник, тоа беше екипата на Војводина од Србија. Повторно одбраната на Вардар на чело со голманот Лука Грчевски функционираше одлично и не дозволи да примиме гол. По голема борба го добивме овој дуел, минимално (1:0) со голот на Ненад Дамјаноски.
Во полуфиналето се сретнавме со екипата на Рудар, меч на кој славевме убедливо со резултат 3:0. Ненад Дамјаноски, Матео Кесиќ и Арти Азизи беа стрелци на головите.
Во големото финале на турнирот во Бјелина се сретнавме со екипата на Динамо Загреб, која ја победивме после изведувањето на пенали. Во регуларниот дел, мечот заврши 0:0, додека во пенал серијата триумфиравме со 2:0. Лука Грчевски по којзнае кој пат се покажува јунак на својот тим, откако успеа да одбрани два пенали на големиот противник, додека Стефан Бранковски беше играчот кој последен погоди за голема радост на вардарци.
Имаше поединечни признанија и за вардаровите „бисери“. Александар Грашески е прогласен за МВП на турнирот, додека Лука Трпевски доби специјална награда за најталентиран играч на целиот турнир.
Одличен финиш на сезоната имаа овие млади момчиња, кои го освоија турнирот „Тракиски Хотелиери“ во Бугарија, станаа по трет пат шампиони на Македонија и еве сега во конкуренција на силни екипи од Балканот, успеаа да го освојат првото место и во големото финале да победат школа како Динамо Загреб.