Friday ,10 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Избраниците на Влатко Колев обезбедија 1/4 финале на „Пандев Куп“, ФК Вардар генер. „2008„ со три победи го освои првото место во групата
Избраниците на Влатко Колев обезбедија 1/4 финале на „Пандев Куп“, ФК Вардар генер. „2008„ со три победи го освои првото место во групата

Избраниците на Влатко Колев обезбедија 1/4 финале на „Пандев Куп“, ФК Вардар генер. „2008„ со три победи го освои првото место во групата

Вардаровата генерација „2008“ успеа да се пласира во четвртфиналето на турнирот „Пандев Куп 2019„ откако на денешниот натпреварувачки ден забележаа уште две нови победи и со максимален број на бодови го освоија првото место во својата група.

Утрово избраниците на Влатко Колев најпрво се сретнаа со екипата на Њу Старс, која ја совладаа со резултат 3:2. Се играат две полувремиња по 20 минути.

Вардар беше екипата која успеа да поведе со 2:0 и тоа со головите на Петар Блажевски. Во следниот период, екипата на Њу Старс успеа да постигне гол и да намали на 2:1, но Вардар ја врати разликата од два гола предност и со првиот гол на турнирот на Матео Кесиќ зголеми на 3:1. До крајот на мечот, противникот постигна гол, намали на 3:2, што беше и конечен резултат на овој дуел.

На последниот меч од групата забележавме најубедлива победа, а противник беше екипата на Ќустендил Стојанов, која ја совладавме со резултат 6:0. Голеадата на овој меч ја отвори Илија Митаноски кој му донесе водство на Вардар од 1:0.

52957004_559049477949540_5381456213567340544_n

На вториот гол не се чекаше многу време, а истиот го постигна Ненад Дамјаноски за предност од 2:0. Едноставно црвено-црните доминираа на овој натпревар и постојано создаваа шанси кон противничкиот гол. Лука Трпевски беше играчот кој зголеми на 3:0, додека со вториот гол денес на Илија Митаноски поведовме со 4:0. До крајот на првиот дел падна уште еден гол во противничката мрежа, истиот беше дело на Александар Грашески, за резултат 5:0 на полувреме.

Во второто полувреме падна еден гол и повторно во мрежата на Ќустендил Стојанов, истиот беше дело на Митаноски за кој ова беше втор гол денес.

На тој начин со три победи од исто толку мечеви во групата, избраниците на Влатко Колев го „визираа“ пласманот во осумте најдобри екипи на турнирот.