Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Никој не може да го победи ФК Вардар!
Никој не може да го победи ФК Вардар!

Никој не може да го победи ФК Вардар!

И по десет одиграни кола во ПМФЛ, нашиот црвено – црн тим е непобедлив. Ретко која екипа во Европа може да се пофали дека нема загубно меч досега во своето натпреварување. Еден од таквите, се разбира е, и нашиот шампион. Избраниците на Седлоски, се чини се класа пред останатите екипи оваа сезона во нашата прва лига. Но тоа, нашите момци треба да го докажат и во недела, против тимот на Шкендија. Кога ќе се земе во предвид дека ФК Вардар ги доби на гостински терен со 1:3, очекуваме да се повтори играта и на нашиот стадион во недела.

До овие десет кола нашиот тим има 8 победи 2 нерешени (Слога,Ренова) и ниту еден загубен меч. Нашиот тим ја има и најдобрата одбрана, имаме до сега примено само 5 погодоци од противникот, Пачовски добро си ја зачувува мрежата речиси на секој натпревар. Исто така ФК Вардар има постигнато и 27 погодоци, еден помалку од Шкендија. Најдобар наш стрелец до сега е Дејан Блажевски со 8 погодоци, додека пак втор на листата стрелци е Филип Ивановски со 5 погодоци. Очекуваме одличните партии да продолжат веќе во среда против Пелистер во Прилеп (Куп на РМ) и во недела против Шкендија од 13 часот и 30 минути на домашен терен.

Фото: fkvardar.mk