Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Фелипе со мајсторски погодок донесе победа за ФК Вардар во финишот од дуелот против Ренова
Фелипе со мајсторски погодок донесе победа за ФК Вардар во финишот од дуелот против Ренова

Фелипе со мајсторски погодок донесе победа за ФК Вардар во финишот од дуелот против Ренова

Вардар  денеска го одигра натпреварот против Ренова во рамките од 6-тото коло од Првата македонска фудбалска Лига. Средбата се играше на стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари. Вардар дојде до победа со резултат 2-1 (1-1).
Овој дуел го почнавме со следните 11 момци: 90. Гачевски, 19. Хамбарџумјан, 3. Попов, 5. Муслиу, 23. Демири, 16. Глигоров, 20. Николов, 70. Фелипе, 97. Петковски, 9. Блажевски, 11. Барсегјан.

vardarfans-1

Во првите дваесетина минути немаше ништо посебно за одбележување пред головите на Гачевски и Кобетиќ. Во 21.минута  од голема далечина се обиде со удар Муслиу, топката удри  еден од играчите на Ренова, и тоа беше  корнер за црвено-црните. Во првата сериозна прилика во 25.минута погодивме за 1-0. Од левата страна најпрвин со одлично додвање, кое беше ретко видена атракција Фелипе додаде до Демири кој што го погоди  Барсегјан, тој  одкосо од лево погоди одлично за наша предност.

vardarfans-5

vardarfans-6Десет минути по погодокот убав центаршут испрати Хамбарџумјан од десната страна до Барсегјан кој што глава шутна одлично пог гредата, но голманот на “гипсарите“ Кобетиќ изби во трет корнер. Гостите иако немаа прилики сепак успеаа да изедначат на 1-1 во 41.минута од дуелот. Со удар од 25 метри Рамадани шутираше и погоди во долниот десен агол од голот на Гачевски за резултатска симетрија. Во последните пет минути нитуеден од тимовите неуспеа да дојде до водство.

vardarfans-3

Чеде Јаневски вториот дел го почна со  две замени во редовите на  Вардар. Од игра излегоа Хамбарџумјан и Петковски, а на нивно место во игра ги уфрли Тодороски и Џигаури. Во вториот дел повторно бевме “стерилни“ во нападот. Во 63.минута по една мешаницата која се создаде во шеснаесетникот на гостите нашиот  Глигоров со глава се обиде, сепак Кобетиќ  одбрани. Во 77.минута Дејан  Блажевски убаво го проигра Барсегјан кој беше во одлична позиција во  шутираше, сепак повторно поранешниот вардаров голман  Кобетиќ одбрани со исфрлање во корнер. Две минути потоа се обиде  Барсегјан од десната страна, топката удри во гредата и излезе во гол аут. Конечно успеавме да погодиме ви 82.минута за предост од 2-1. Прекрасен погодок постигна  Фелипе, после една одбиена топка од одбраната на Ренова, од 25 метри Браизилецот ја смири на гради, и упати силен и прецизен шут во горниот лев агол. Веднаш по тоа имавме прилика и преку Аце Стојков која Кобетиќ ја одбрани.

vardarfans-2

На овој меч црвено-црните повторно од трибините ја имаа поддршката на најверните навивачи, Комити Запад.

vardarfans-komiti