Tuesday ,11 March 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар 360 минути без примен гол
Вардар 360 минути без примен гол

Вардар 360 минути без примен гол

Фудбалерите на Вардар фатија одлична форма и бележат одлични резултати. Конечно одбраната на Вардар делува цврсто на чело со Мишковски и Стојанов, како и голманот Илиќ.

Дека одбраната на Вардар е во овој момент одлична говори и податокот дека вардарци немаат примено гол три натпревари во серија во ВМФЛ-Запад, а ако се додаде и Куп дуелот против ФК Скопје, тогаш ,,црвено-црните” се во серија од 360 минути без примен погодок, што навистина е одлично.

Низата на Илиќ и на одбраната на Вардар може да продолжи веќе в сабота, кога во Скопје гостува екипата на ФК Гостивар.

Последни дуели без примен погодок:
Тетекс – Вардар 0:3
Вардар – Скопје (КУП) 1:0
Вардар – Охрид 2:0
Кадино – Вардар 0:3