Вардарци вчера, прв пат одиграа нерешено на подготовките во Анталија, иако два пати водеа на крајот одиграа само „реми“ против Словачко. Јаневски се реши да го смени целиот тим од последниот меч со Заглебје, за да им даде шанса на сите играчи. Прв натпревар ова беше на Лукман Харуна кој што е на проба и за Фитор Реџепи кој влезе во финишот на оваа средба. За нас стрелаа Стојчевски 7’ и Максимов 71’.