Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Дебитантите во лигата без ниту еден пораз оваа сезона, Дамјановски лидер
Дебитантите во лигата без ниту еден пораз оваа сезона, Дамјановски лидер

Дебитантите во лигата без ниту еден пораз оваа сезона, Дамјановски лидер

Иако оваа година им е дебитанска во Детската лига, иако се најмлада генерација помеѓу сите вардарови екипи, сепак момчињата на тренерот Павел Неделковски покажаа и докажаа дека се зрели за игра и победи на сите натпревари.

Одиграа повеќе од 25 натпревари. Во есенскиот дел од сезоната само еднаш ремизираа против тимот на Форца, потоа во пролетниот дел од сезоната иако ги поделија во две екипи, сепак и тоа не им пречеше да останат најдобри. Штета беше само што овие две екипи мораа да одиграат многу рано во нокаут фазата меѓусебно, инаку со сигурност и вториот тим ќе беше во топ трите екипи оваа сезона. Сепак, на крајот иако едните испаднаа, тренерот Неделковски им укажа шанса повторно на сите играчи, овој пат во тимот број еден.

2008Лидер на екипата оваа сезона несомнено е Ненад Дамјановски. Ова момче има огромен потенцијал, само со напорна работа сетоа тоа може да се исплати и еден ден да стане одличен фудбалер. Но, тука несмееме да ги заборавиме и другите дечиња, кои исто така оваа сезона одиграа одлично на сите натпревари.

neno2008Се на се, апсолутно успешна сезона за најмладите. Ова е само еден убав чекор напред во нивната кариера која допрва треба да се развива.

Среќно дечиња шампиони, се гледаме на есен!