Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > (ФОТО) Играчите на Вардар ги собраа сите поединечни награди на завршниот турнир во детската лига
(ФОТО) Играчите на Вардар ги собраа сите поединечни награди на завршниот турнир во детската лига

(ФОТО) Играчите на Вардар ги собраа сите поединечни награди на завршниот турнир во детската лига

Денес на терените на ФФМ се одигра завршниот турнир во детската фудбалска лига. Од вкупно пет возрасни генерации, кои преку села сезона се натпреваруваа во детсакта лига, екипите на Вардар доминираа, освојувајќи четири први и едно второ место.

Вардаровата генерација “2004′ освои едно прво и тоа со Вардар (2) како и трето место со Вардар (1) и на тој начин го повтори идентично успехот од минатата сезона. По завршување на финалните натпревари беа доделени награди за најдобар голман и стрелец кај оваа генерација. Тука двете награди заминаа во рацете на играчи од Вардар. Очекувано за најдобар стрелец е прогласен Георг Стојановски, додека признанието за најдобар голман заврши во рацете на Стефан Тасев, кој во финалето скроти три удари на Шкендија од белата точка.

vardarfans-georg vardarfans-golman-tasev vardarfans-najdobar-golman-i-strelec

Златен медал и за генерацијата родени “2005“ година и тоа Вардар (1) кој во големото финале го победи Фер Плеј, додека нивниот “братски“ Вардар (2) го освои третото место, што претставува голем успех за оваа генерација, која ги има најдобрите две од трите екипи во цела Македонија. И тука доминиравме што се однесува до поединечните признанија. Василиј Мариновски е најдобриот голман, додека капитенот Никола Величковски е најдобриот стрелец во оваа возрасна генерација.

vardarfans-2005-najdobar-golman-i-strelec vardarfans-vasilij vardarfans-velickovski

Споменавме дека единствено генерацијата “2006“ не успеа да освои златен медал, но сепак играше во големото финале и несреќно по изведувањето на удари од белата точка беше поразена. Сепак големо браво и за нашите надежи од оваа генерација, кои денес лавовски се бореа до самиот крај.

Вардаровата генерација “2007“ го повтори успехот од минатата сезона и го одбрани трофејот во оваа генерација. Избраниците на Зоран Петковски, од Вардар (1) без ниту еден пораз ја заврши оваа сезона, заслужено на првото место, совладувајќи ја во финалето екипата на Фер Плеј. Вардар (2) се надмина себеси, започнувајќи од елиминацискиот дел, па се до завршните натпревари, освојувајќи на крај бронзен медал, со победата над Фудбал Старс. Во оваа генерација,Вардар го има најдобриот голман, во името на Лука Јаневски кој имаше одлична сезона пред себе, каде го одбрани признанието освоено од минатата сезона. Неговиот соиграч,е најдобар стрелец на завршниот турнир во детската лига.

vardarfans-luka vardarfans-mladenovski vardarfans-najdobar-golman-i-strelec-kaj-gener-2007

Прво место и за најмладите Вардарчиња, родени “2008“ година, кои во финалето беа подобри од екипата на Талент Битола. И во оваа генерација ги собравме наградите, за најдобар голман е прогласен надежниот и талентиран Лука Грчевски, додека најдобриот стрелец е Ненад Дамјаноски, исто од редовите на  Вардар.

vardarfans-damjanovski-i-grcevski vardarfans-grcevski