Во текот на денешниот ден, двете генерации на ФК Вардар родени “2007“ и “2008“ година го стартуваа своето учество на турнирот во Загреб. И двете екипи одиграа по три натпревари и забележаа исто толку победи.
Генерацијата “2007“ ги доби дуелите со екипите на Кустошија (1:0), потоа Посушје (1:0) и Врбовец (2:0). Утре во осминафиналето за противник го имаме тимот на Карловац од Хрватска. Генерацијата “2008“ исто така одигра три натпревари и имаше исто толку победи. Совладани беа екипите на Трешњевка (1:0), Горица (2:0) и Зет со резултат 5:0. Во осминафиналето оваа генерација ќе игра против Кустошија.
Ви пренесуваме фотографии од натпреварите на двете генерации, во текот на првиот натпреварувачки ден.