Генерацијата 2008 на ФК Вардар која е предводена од Миле Крстев изминатиов викенд имаше контролен дуел со екпипата на Џокер Фурка од Дојран. Натпреварот кој се одигра на голем терен на Академијата заврши во корист на противникот, кој беше подобар за еден гол разлика. На овој дуел, тренерот на Вардар им даде шанса за настап на неколку играчи од генерацијата 2009, кои добија своја минутажа во вториот дел од натпреварот. Убаво беше да се гледаат младите играчи како даваат свој максимум на теренот надигрувајќи се со повозрасните играчи на противникот. Вардарци покажаа допадлив фудбал, борејќи се за секоја топка на теренот.
Погледнете ја фотогалеријата од овој пријателски натпревар