Младите надежи на ФК Вардар во текот на вчерашниот ден одиграа пријателски натпревари. На теренот на Академијата гостин ни беше екипата на Спорт Ефе, со која одигравме три контролни натпревари. Активни бевме со генерациите 2010 (еден дуел) и 2011 со која имавме два натпревари. Сите три дуели завршија во корист на црвено-црните. Одлична игра прикажаа и двете екипи, кои преку ваквите натпревари ја одржуваат формата.
Погледнете и неколку фотографии од овие натпревари со Спорт Ефе.