Помладите пионери на ФК Вардар стигнаа до својата деветта победа во првенството, откако беа подобри на домашен терен од екипата на Ренова. По првото полувреме резултатот беше оној почетниот (0:0), додека во вториот дел “дожд“ од голови на теренот на академијата, за конечен резултат од 5:0. Атом Фазли постигна два гола, додека по еден беа дело на Антонио Мирков, Фисник Салиу и Анатолиј Петејчук.
