Вардар е најголемиот спорски бренд и гордоста на Македонија. По освојување на Европската титула на ракометарите, сега стигна редот и на фудбалерите да се радуваат на голем успех. Нашиот фудбалски шампион за прв пат во својата и историјата на Македонскиот фудбал ќе игра во групната фаза од лигата на Европа. Втор пат по ред за само седум дена пред нашите момци, потклекна силната екипа на Фенербахче. Вардар не подлегна на притисокот и кога имаше негатива пред преполниот стадион во Истанбул. Напротив не само што ја чуваше предноста од првиот меч, туку и тргна кон голот на противникот да ја затресе нивната мрежа. Тоа им успеа на Џигаури и Глигоров кои беа стрелци на головите.
Гоема беше радоста на Вардарци во соблекувалната кои го прославија големиот успех.