Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > (ФОТО) Победи за Вардаровите екипи од генер. “2006“ и “2007“ против најдобрите од регионалните школи во фудбалската “Јуниор“ лига
(ФОТО) Победи за Вардаровите екипи од генер. “2006“ и “2007“ против најдобрите од регионалните школи во фудбалската “Јуниор“ лига

(ФОТО) Победи за Вардаровите екипи од генер. “2006“ и “2007“ против најдобрите од регионалните школи во фудбалската “Јуниор“ лига

Денес на теренот на Академијата се одигра завршниот есенски турнир во фудбалската “Јуниор“ лига. На него учество земаа генерациите родени “2004“, “2005“ , “2006“ и “2007“ година. Вардаровите екипи во сите генерации  одиграа против регионалните единици кои беа составени од најдобрите играчи во фудбалските школи кои се дел од лигата.

Први натпревари на половина терен одиграа Вардаровите екипи родени “2006“ и “2007“ година против регионалните школи од оваа генерација. Двете наши генерации беа убедливи во своите мечеви и забележаа убедливи победи.

vardarfans-regional-2006

Избраниците на Филип Арсовски, момчиња родени “2006“ година славеа со резултат 9:0. Прв шанса имаше Стефан Коловски. Серијата погодоци на овој натпревар ја отвори Марко Николовски кој погодува за водство од 1:0. Во прилика се најде и Давид Голубов, кој шутира покрај гол. Сепак истиов играч успева да се запише во листата на стрелци и да донесе предност на Вардар од 2:0. Следи нов гол на овој меч, втор зад името на Марко Николовски кој зголемува на 3:0. До крајот уште еден погодок и повторно за Вардар, дело на Стефан Коловски за резултат од 4:0 по првото полувреме.

vardarfans-radost-2006

Во вториот дел првата прилика ја имаше Максим Цониќ, но противничкиот голман го брани неговиот удар. Петти гол во мрежата на регионалните единици од оваа генерација и втор погодок за Стефан Коловски. Марко Николовски стигнува до хет-трик за водство од 6:0. Продолживме со офанзивната игра, што ни донесе уште три гола во противничкта мрежа. Со својот втор гол, Давид Голубов зголемува на 7:0. Николовски денес одигра одличен меч и повторно се запишува во листата на стрелци, за предност од 8:0. Последниот гол на овој натпревар за 9:0 беше дело на Стефан Коловски.

15094493_1691096814534702_3908121156765971738_n

Убедлива во својот настап беше и нашата генерација родени “2007“ година. Тие забележаа победа со резултат 10:2. Одлична игра на нашите млади надежи кои одиграа квалитетен натпревар. Серијата на голови ја отвори Борјан Томовски за предност од 1:0. Шанса имаше и Милош Спасовски , но противничкиот голман го брани ударот. Во шанси се најдоа и Стефан Младеновски и Александар Грашески, но резултатот остана непроменет. Сепак набргу успеваме да постигнеме втор гол преку Младеновски за водство од 2:0. Прв гол на овој меч и за Грашески за зголемување на резултатот на 3:0. Прва прилика имаше и противникот, но топката завршува покрај голот на Лука Јаневски. Следи нов гол на Александар Грашески за веќе водство од 4:0. До крајот на првото полувреме постигнуваме нов гол за предност од 5:0 по првото полувреме.

vardarfans-2007

На стартот на вториот дел, почесен гол постигнуваат најдобрите од регионалните единици за намалување на резултатот. Следи погодок на Вардар, преку Борјан Томовски за убедливи 6:1. Уште еден гол за противникот, со кој го намалуваат резултатот на 6:2. До крајот на мечот уште четири погодоци за Вардар, редоследно ги постигнаа Стафан Младеновски, Марко Киш, Никола Јовановски и Петар Мицевски.

15107286_1691107817866935_6473403833423413265_nvardarfans-regional-2007