Генерацијата 2008 одигра мконтролен натпревар со екипата на Кул. На теренот на Академијата, избраниците на Миле Крстев имаа пријателски дуел со момците од Кул. Победата му припадна на противникот кој славеше минимално со резултат 0:1. Гледавме борбен и динамичен натпревар, со желба за надигрување од двете страни. Тренерот Крстев им даде шанса за на сите играчи кои беа на располагање за овој натпревар.
Честитки до двете екипи за фер и коректниот натпревар, се надеваме на вакви натпревари и во иднина.