По вчерашниот бурен ден во кој го дознаа противникот за второто коло во шампионската лига и одигра прв тест дуел (види видео) со рускиот тим Терек Грозни денес во базата на црвено- црните во Бад Татцмансдорф се одржа утринскиот тренинг на дожд .
Времето денес во Бад Татцмансдорф не е наклонето на момците кои се спремат за следниот предизвик силниот тест дуел со Словачкиот прволигаш тимот на Спартак Трнава кој ќе биде втор пријателски меч истиот е закажан на 25/06/2015 година . Од клубот известваат дека еден од четирите голмани кој се со експедицијата во Австрија хрватот Матеја Кобетиќ има здобиено повреда на коленото . Како што првенствено беше кажано и предвидено во Австрија шефот на стручниот штаб на ФК Вардар Андреев ќе има четири меча шанса да го воигра тимот . Ова се останатите три предвидени дуела на овие летни подготовки за вардарци :
- 25 јуни – Вардар – Спартак Трнава-Словачка
- 29 јуни – Вардар – Пушкаш Академија -Унгарија
- 02 јули – Вардар – Металист Харкив -Украина
фото:фквардар.мк